Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски го предупредува Баерн: Многу надворешни работи можат да влијаат на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски постигна три гола против Валенсија и се погрижи Барселона да оствари дерби победа со пресврт, но во меѓувреме Полјакот е максимално популарен и поради интервјуто кое го направил за германски „Билд“.

Во најавата за големото полуфинале во Лигата на шампионите, вклучен во целата дебата е и голгетерот на Барселона, кој го искористи своето обраќање за да испрати предупредување до својот поранешен клуб.

Левандовски смета дека Баерн ќе мора да извлече позитивен резутлат на вечерашниот меч Минхен, бидејќи во спротивно, ризикува да се соочи со неочекувани и надворешни влијанија кои можат да одат во прилог на Реал на реваншот во Мадрид.

– Ова е многу важен меч за Баерн во сезоната која беше тешка за нив. И покрај се, Баерн има шанси да стигне до големо финале, но предизвикот кој е пред нив е многу тежок. Сметам дека шансите се 50-50, никогаш не смеете да го потцените Реал Мадрид. Тие победуваат на натпревари на кои мислите дека ги победувате, некогаш тешко е да се објасни тоа. Реал Мадрид никогаш не може да го прогласите мртов, тие никогаш не се откажуваат и работат како тим.

– Баерн има шанси, особено ако одигра добар прв натпревар во Минхен. Вториот меч на „Бернабеу“ може да биде специјален, бидејќи може да влијаат и многу надворешни работи. Тоа го дознав на своја кожа пред извесно време (алудирајќи на „фантомскиот гол“ на Јамал). Моја желба е Баерн да го победи Реал и ќе стискам палци за нив, – вели Левандовски во интервјуто за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни