Тен Хаг: Срам да ви е, ова е прекрасен резултат

од Симе Стоиков

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е незадоволен од реакцијата на јавноста за пласманот на неговиот тим во финалето на ФА Купот.

Јунајтед го елиминира второлигашот Ковентри Сити на пенали, откако во неделата на Вембли прокоцка предност од 3:0, а беше спасен со одлука на ВАР во 121. минута.

И покрај пласманот во финалето, фудбалската јавност и навивачите и медиумите упатија жестоки критики кон Јунајтед и поради играта и поради реакцијата на играчите на победата.

„Реакцијата, коментарите по натпреварот со Ковентри се срамота“, изјави Тен Хаг за медиумите два дена подоцна.

„Срамота од вас. Вакви коментари. Врвниот фудбал се сведува на резултати, се пласиравме во финалето и го заслуживме не само на овој натпревар туку и на другите“, додаде Холанѓанецот.

Слични содржини