Големо изненадување за навивачите: Дали Баерн конечно ја пронајде замената за Тухел?

Германските медиуми попладнево пренесуваат интересна вест која сигурно (ќе) ги изненади навивачите на Баерн Минхен. Според нив, раководството на Баварците конечно го пронајде заменикот на Томас Тухел, односно новиот тренер кој ќе ги води следната сезона.

Станува збор за селекторот на репрезентацијата на Германија, Јулијан Нагелсман, кој минатата година иако беше лидер на табелата, беше избркан од Баерн Минхен. Тој треба да се врати на клупата на Баварците по истекот на договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија, а тоа е по завршувањето на Европското првенство, на кое токму Германците се домаќини.

Нагелсман беше тренер на Баерн Минхен на 84 натпревари, на кои забележа 60 победи, а имаше и 14 нерешени средби и само 10 порази. Триесет и седумгодишниот тренер ја освои Бундеслигата и два трофеи од Суперкупот на Германија.

- Оглас -

Најнови вести