“ДОН КИХОТ конечно го напушта оклопот“: Доктор Беќаровски си заминува од Токсикологија?

164

Доктор Нико Беќаровски на својот профил на Фејсбук навести дека ќе ја напушти Клиниката за токсикологија на која работи долги години и каде е раководител на Одделението за интензивна нега. Оваа негова најава доаѓа откако вчера заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно го кренаа гласот против самоволието на економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, за која, како што велат не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекле договорите за дело на 31.12.2023, меѓу кои имало и лица кои немаат соодветно образование.

„35 години бев најголем борец за здрав ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР.

ДОН КИХОТ конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте,“ напиша тој на Фејсбук.