Јуниор од Дортмунд потпиша прв професионален договор

Борусија Дортмунд го објави потписот на младиот играч за врска Кел-Арик Ветен на неговиот прв професионален договор.

Договорот со 18-годишниот производ на школата на клубот е до 2028 година. Оваа сезона одигра 27 натпревари за младинскиот тим, постигнувајќи 10 гола и додаде 9 асистенции. Играчот од средниот ред е дел од „жолто-црната“ академија од својата десетгодишна возраст.

„Кел-Арик се развива навистина добро во последниве години и апсолутно го заслужува овој чекор. Тој го привлече вниманието кон себе со своите силни настапи за нашиот тим до 19 години и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите за млади на УЕФА и постојано се пробива во првиот тим. Веруваме дека неговиот вистински развој допрва доаѓа“, изјави спортскиот директор Себастијан Кел.

Се вчитува...