ФИФА исфрли еден тим на три месеци пред стартот на клупскиот мундијал

ФИФА донесе одлука да го исфрли мексиканскиот тим Леон од претстојниот клупски мундијал, откако овој тим не успеа да ги исполни цврстите критериуми на светската куќа на фудбалот поврзани со сопственост на иста компанија во повеќе клубови.

Леон и Пачука се клубови во сопственост на групацијата „Пачука“. Леон освои билет за клупскиот мундијал благодарение на пехарот во КОНКАКАФ Купот на Шампиони во 2023, додека Пачука го освои истото натпреварување ланската година. Против двата клуба беше покрената постапка, а откако не беа средени сопственичките односи, ФИФА донесе одлука само еден од нив да смее да учествува на претстојниот клупски мундијал.

Леон беше извлечен во групата Д заедно со Челси, бразилски Фламенго и со Есперанца од Тунис, а името на клубот што ќе ги замени Мексиканците ќе биде наскоро објавено во јавноста.

Се вчитува...