Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 36 ракометари од кои ќе биде селектиран тимот што на 8 мај на Фарски острови и на 12 мај во Скопје ќе ги игра двата бараж натпревари за пласман на СП 2025 што ќе се одржи во Хрватска, Данска и Новрвешка.
Новина е тоа што во стручниот штаб на Лазаров, ќе му се приклучи Стојанче Стоилов, кој во моментов ја врши улогата на тренер во Вардар, а на средбата со Бутел и заигра во составот.