Властите во Њујорк, Торонто и Отава во вторникот ги предупредија жителите на здравствените ризици од воздухот загаден од чад од невидените шумски пожари на почетокот на летото во источна Канада.

Поради невообичаено раниот и интензивен почеток на сезоната на шумски пожари Канада се соочува најлоша година досега, бидејќи се предвидува дека топлите и суви услови ќе продолжат со месеци.

Пожарите горат во речиси сите 10 канадски провинции и територии, а Квебек е најтешко погоден од повеќекратни пожари предизвикани од гром.

Одделот за заштита на животната средина на државата Њујорк издаде здравствени совети за некои окрузи, вклучувајќи ги Њујорк Сити, Бронкс и Квинс.

Државата препорачува жителите да размислат за ограничување на енергичната физичка активност на отворено за да се намали ризикот од негативни здравствени ефекти.