28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајните нафтени флоти ги зголемуваат ризиците од инциденти

Тајните нафтени флоти ги зголемуваат ризиците од инциденти

Танкер во близина на брегот на Кина остава нафтена трага зад себе, друг крај Куба, а трет е уапсен од шпанската крајбрежна стража бидејќи излегол од контрола со оштетен навигациски систем. Сите три брода се дел од „флотата во сенка“ што во моментов ја користат Русија и другите земји под санкции за да се обидат да ги заобиколат западните ограничувања за нивната нафта.

Извори за „Reuters“ изјавија дека има зголемување на ризикот од инциденти во последниве месеци, откако многу бродови се свртеа кон нелегално пренесување нафта, и од Иран и од Русија. Тоа се често стари и лошо одржувани бродови, велат за агенцијата трговци, сопственици на бродови и осигурителни компании.

Многу поморски регулатори, осигурителни компании и бродоградители не се занимаваат со бродови што превезуваат нафта од санкционирани дестинации, што значи дека има помал надзор и контрола врз бродовите што превезуваат опасни и запаливи товари.

Индустријата стравува дека зголемувањето на „флотата во сенка“ ќе ја поткопа децениската работа за подобрување на безбедноста на транспортот на нафта. Според бројките на „Lloyd“, минатата година имало најмалку осум инциденти (вклучувајќи ги и трите на почетокот на статијата), излевања, судири и друго, со бродови што превезувале нафта од земји под санкции. Бројката е иста како и за последните три години заедно.

Сите бродски несреќи во 2022-ра година изнесуваат вкупно 61, според официјалните податоци.

Тешко е да се процени бројот на бродови што се користат за шверц на нафта. Според аналитичарите, има меѓу 400 и 600 или околу 1/5 од официјално регистрираните танекри со нафта кои се предмет на инспекција.

Досега ниту еден од инцидентите со бродовите на „флотата во сенка“ не е сериозен – нема загадување, како што е размерот на инцидентот во „Exxon Valdez“, кој предизвика еколошка катастрофа кај брегот на Алјаска во 1989-та година. Сепак, загриженоста на бродарите е дека никој не следи како се натоваруваат танкерите, не се вршат безбедносни проверки итн.

Екологистите додаваат дека овие бродови немаат системи за прочистување што ги бараат другите танкери, а користат неквалитетно гориво кое повеќе загадува. Нивната загриженост е поврзана и со преоптоварувањето на бродовите на отворено море. Оваа практика не само што е опасна од еколошка гледна точка, туку претставува и ризик од пожар. Во 2019-та година, десет морнари загинаа при претовар на нафта во отворените води на Црното Море, обидувајќи се да го сокријат својот товар од американските санкции, потсетува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП