Нова несреќа со „боинг“: Авион излета од пистата и се запали, има повредени (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Авион од типот „боинг 737“ со 73 патници излета од писта, при што настанал пожар и се запалило неговото крило. Се случи на аеродромот Дакар во Сенегал, на авион на компанијата „Трансер“. Веднаш реагирала противпожарната служба која реагираше со пена.

При слетувањето се запалило левото крило и моторот. Сите 73 патници биле евакуираниу, а четири лица се со тешки повреди, а 11 полесно. На аеродромот бил прекинат сообраќајот.

Инцидентот се случи само еден ден откако авион исто така од типот на „Боинг“ принудно слетал во Истанбул откако пријавил проблеми со опремата за слетување, односно не се отворило едното тркало, па морал да слета на на трупот.