Нанков главен во Тетово, Василевски ќе им суди на Арсими и Осогово

ФОТО: Телевизија М Нет

Утре се играат натпреварите од 29. коло од Втората македонска фудбалска лига, а веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари.

Нинослав Нанков ќе им суди на Тетекс и Охрид, Димитар Левески на Беса и Башкими, Марјан Дејаноски ќе биде главен во Битола каде ќе играат Пелистер и Победа, Александар Василевски ќе им суди на Арсими и Осогово, Јордан Јовановски ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Скопје и Беласица.

Ангел Гелов ќе им суди на Вардар Неготино и Новаци, Сашко Ристов ќе им суди на Караорман и Каменица Саса, а пак Христијан Божиновски ќе им суди на Кожуф и Детонит Плачковица.

* ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 29. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Тетекс – Охрид, Нинослав Нанков (Гостивар)
Беса – Башкими, Димитар Левески (Охрид)
Пелистер – Победа, Марјан Дејаноски (Кичево)
Арсими – Осогово, Александар Василевски (Скопје)
Скопје – Беласица, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Вардар Неготино – Новаци, Ангел Гелов (Кавадарци)
Караорман – Каменица Саса, Сашко Ристов (Струмица)
Кожуф – Детонит Плачковица, Христијан Божиновски (Скопје)

Александар Ванев, М-Нет