„Не можеме да јадеме пари. Сакаме нашите земјишта да бидат ослободени од агробизнис, истражување на нафта, нелегални рудари и нелегални дрвосечачи“, вели еден од домородните лидери Десетици домородни демонстранти вчера насилно влегоа во местото на одржување на самитот за климата КОП30 и се судрија со обезбедувањето на влезот барајќи климатска акција и заштита на шумите. Викајќи луто, демонстрантите побараа пристап до комплексот на ОН каде што ...
Самитот за климата КОП30 во Бразил беше привремено прекинат по драматен упад на група домородни демонстранти кои насилно се пробија низ безбедносните бариери на влезот во комплексот на Обединетите нации во градот Белем, во срцето на Амазонија. Настанот предизвика судири со обезбедувањето и полесни повреди кај неколку лица. Со транспаренти на кои пишуваше „Нашата земја не е на продажба“ и „Не можеме да јадеме пари“, демонстрантите бараа поголема ...

