Во октомври, додека во Македонија траеше кампањата за локалните избори, турските медиуми ја разоткрија една од најголемите афери со нелегално обложување во спортот. Според информациите, 371 од вкупно 571 фудбалски судии во Турција имале отворени налози за обложување, а 149 од нив биле суспендирани од Турската фудбалска федерација. Истовремено, Централната банка на Турција ѝ ја одзела лиценцата за работа на популарната платформа за парични ...

Истовремено, Централната банка на Турција ѝ ја одзела лиценцата за работа на популарната платформа за парични трансакции „Папара“, поради сомневања за перење пари и нелегални трансакции поврзани со онлајн игри на среќа. Според турските медиуми, дел од финансиските траги воделе и кон Македонија – преку трансфери правени од турски студенти. Турција има една од најстрогите забрани за игри на среќа во Европа, а ваквиот скандал, како што пишува во ...