Поврзете се со нас

Англија

Сатон за неочекуваниот конфликт во Ливерпул: Салах ја премина границата

Објавено

на

Јирген Клоп и Мохамед Салах влегоа во неочекуван вербален конфликт во ремито на Ливерпул против Вест Хем, а расправијата очекувано стана топ тема на медиумите во целиот свет.

Менаџерот и првата ѕвезда на „црвените“ веројатно едвај чекаат да заврши сезоната во која Ливерпул нанижа неколку лоши резултати во финишот и заостанува сериозно зад доскорешните ривали за титулата. Анализирајќи го конфликтот, поранешниот напаѓач Крис Сатон истакнал дека Салах претерал во ситуацијата и требало поинаку да го искаже своето незадоволство што не беше стартер против лондонскиот ривал.

– Не ми се допадна тоа што се случи, но мислам дека Салах претера со својата реакција.

– Тој не е поразличен од своите соиграчи, а да бидеме искрени и формата не му е највисоко ниво откако се врати по паузата поради повреда.

– Салах беше феноменален за Ливерпул изминативе сезони, но сметам дека постои граница, а тој ја премина со овој потег, – рекол Сатон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни