28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБезос и Гејтс инвестираат во рударскиот бизнис

Безос и Гејтс инвестираат во рударскиот бизнис

KoBold Metals, рударската компанија поддржана од милијардери, вклучувајќи ги Бил Гејтс и Џеф Безос, е оптимистична во врска со потенцијалот за откривање на некои од најбараните енергетски транзициски метали.

Веста доаѓа набргу откако компанија за истражување на метали во Силиконската долина објави ретко откритие на огромно наоѓалиште на бакар во Замбија.

Џош Голдман, претседател на KoBold Metals, изјави за CNBC дека инвеститорите на компанијата се возбудени од откритието, особено во време кога рударската индустрија се бори да остане во чекор со енергетската транзиција која е интензивна за метали.

-Тие се воодушевени од оваа вест, бидејќи тоа е она што сакавме да го направиме. Целта на компанијата е да ги открие, пронајде и развие минералните ресурси кои ни се потребни за енергетската транзиција – рече Голдман преку видео конференција.

-Ова е прва голема победа за компанијата и е едно од најнеобичните рудни тела во светот – додаде тој.

KoBold Metals вели дека користи вештачка интелигенција за да создаде „мапа на богатство“ за да помогне во пронаоѓањето на нови наоѓалишта на материјали како бакар, литиум, кобалт и никел. Компанијата моментално има повеќе од 60 проекти во фаза на истражување во неколку земји.

Поентата на компанијата е да биде сериски успешна во истражувањето – и да го подобри севкупниот успех на истражувањето и да го намали капиталниот интензитет на откритијата.

Меѓу инвеститорите на стартапот се американската компанија за ризичен капитал Andreessen Horovitz, норвешкиот енергетски гигант Equinor, најголемата светска рударска групација BHP и Breakthrough Energy, климатски и технолошки фонд основан од Бил Гејтс во 2015 година.

Поддржувачите на Breakthrough Energy се Реј Далио од Bridgewater Associates, Ричард Бренсон од Virgin Group, Џек Ма од Alibaba и Џеф Безос од Amazon.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП