Пендаровски премолчи сексуално вознемирување во АРМ, ќе премолчи и извинување кон Силјановска

Втор ден како Пендаровски Стево молчи за навредите кон Гордана Силјановска Давкова, навреди за сексистичка основа, навреди на мизогиниска основа. Но, што да очекува јавноста од човекот кој што го премолчи секс скандалот во Армијата, ќе го премолчи и овој.

Ме изненадува тоа што молчи и Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 кој како жена треба да знае и треба да застане зад сите жени. Ова е напад на сите жени истовремено.

Ги повикувам и Пендаровски и Ковачевски и Лукаревска  веднаш да се оградат од овој настан. Овој настан само покажува колкав е стравот кај истите, покажува дека се исплашени од поразот и се свесни дека Гордана Силјановска Давкова ќе му го визира пасошот на Стево Пендаровски да се исели од Република Македонија.

На 24 Април да излеземе масовно и да го поразиме Пендаровски и Ковачевски.