Во Австралија се насукаа 160 китови, спасувањето е во тек

Од:

Околу 140 китови се насукаа денеска на западниот брег на Австралија во градот Дансборо, додека најмалку 26 веќе загинаа пред властите да успеат да ги спасат.

„Нашиот тим моментално ја проценува состојбата на китовите на плажа, а нашите тимови на вода се обидуваат да ги задржат животните заедно и подалеку од плажата“, соопшти австралиската Управа за биолошка разновидност.

Регионалната службеничка за заштита на дивиот свет, Пиа Кертис, рече дека за жал, исходот за китовите генерално не е добар по плажата бидејќи многу од животните умираат.

Надлежните ги повикаа граѓаните да не се обидуваат да спасуваат животни без инструкции од стручни лица, бидејќи во спротивно може да предизвикаат дополнителни повреди на животните и да го отежнат нивното спасување.

Овие китови се групирани на четири места оддалечени неколку километри.

Би можело да ве интересира

Група китови се забележани во Јадранското Море кај Корчула

Бродовите годишно при пловидба убиваат 20 илјади китови

Исланд би можел да го забрани ловењето китови од 2024 година

Ана Ололовска

На традиционален фестивал на Фарските Острови убиени околу 1.500 китови и делфини

А1он

Неколку насукани китови ќе мора да бидат успиени

Ана Ололовска

Околу 470 пилот китови се уште насукани во Тасманија

Ана Ололовска