Вести Македонија Топ вести

Управниот суд ќе пресече дали Академијата го прекршила законот тестирајќи кандидати во изборен процес

Претседателките на Академијата за судии и јавни обвинители и на антикорупциската комисија повторно ги вкрстија копјата, овој пат на рочиште во Управниот суд, околу тужбата по одлуката на антикорупционерите донесена во средата дека Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала  процесот на селекција на кандидати. И подносителот на приговорот до Антикорупциска, претседателскиот кандидат од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова исто така се обрати пред судскиот совет за да ги аргументира причините поради кои се обратила до антикорупционерите.

Академијата поднесе тужба на одлуката на Антикорупциска со образложение дека составот кој ја донел одлуката е спорен бидејќи не биле изземени три члена поради судир на интереси, а според Габер неодложноста за прием и тестирање на кандидати се должи на фактот што во 2022 година голем број судии заминале во пензија како и непредвидливоста кога ќе се заврши изборниот процес со формирање на Влада.

Претседателката на Антикорупциската комисија нагласи дека одлуката на која се повикува Академијата е донесеа од друг состав на комисијата и во други услови и затоа не може да се земе како меродавна.

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова пак во своето обраќање кажа дека тужбата на Академијата е само одолговлекување  и обид тековниот процес да се стави во мирување.

Судијката Ана Герасимовска ќе ја соопшти пресудата вечерва во 22 часот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе