Утрински Весник
Свет

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Sanders.webp.webp

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Сандерс додаде дека неговите изјави се одговор на вчерашните изјави на Нетанјаху дека критиките за политиката на израелската Влада се антисемитски.

Можете да прочитате

Во Оклахома и Арканзас, најмалку 11 загинати, меѓу нив и две деца

Драма на лет за Сплит: Maж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина, па се заклучил во тоалетот

Хамас истрела ракети кон Тел Авив