Гранати најдени во Куманово и Отешево

Од:

На две места во Македонија во еден ден пронајдени експлозивни направи – гранати за кои се утврдило дека датираат од прва и втора светска војна.

Во првиот случај гранатата била пронајдено во стар помошен објект во Куманово.

„ На 16.04.2024 во 13.06 часот во СВР Куманово, Г.К.(61) од Куманово пријавил дека во стар помошен објект на улица „Ленинова“ во Куманово пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за топовска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Во вториот случај гранатата е пронајдена во близина на туристичката населба Отешево.

„ На 16.04.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, од пиротехничар при Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено дека место викано „Черти камен“ во близина на туристичка населба Отешево, ресенско, била подигната артилериска граната калибар 75.мм од Прва светска војна.“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Работници при ископ на водовод откриле гранати од војната во 2001 година

Горан Наумовски

Украински власти: Русија гранатираше градови во близина на нуклеарната централа Запорожје

На трибина на „Тумбе кафе“ во Битола пронајдени гранати

Награди за пиротехничарите кои учествуваат во уништувањето на гранатите пронајдени во Битола

Почна отстранувањето на гранатите пронајдени под Тумбе кафе во Битола

Парична награда од по 30 илјади денари за пиротехничарите кои ги отстранија гранатите во Битола

Катерина Ѓуровски