Поврзете се со нас

АБА лига

Атанасов пред дуелот со Спартак: Цела сезона работиме за овие натпревари…

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје утре е домаќин на Спартак Суботица во првиот натпревар од полуфиналната плејоф фаза во АБА2 лигата.

Ова е дуел во кој македонскиот првак пред своите гледачи ќе се обиде да дојде до што подобар резултат, победа која им овозможи да бидат што поблиску до посакуваната цел, пласман во елитната јадранска конкуренција.

„Штрковите“ ќе имаат тешка мисија затоа што Спартак е многу амбициозен тим предводен од Владимир Јовановиќ, екипа во која играат имиња како Немања Гордиќ, Александар Цветковиќ, Марко Тејиќ и Вил Мозли.

Тренерот Васко Атансов е свесен за предизвикот, но верува дека неговите момци заедно со публиката можат да дојдат до победа.

-Ова е еден од натпреварите за кои напорно работиме цела сезона, кои се идеален мегдан да покажеме од што сме создадени и на кои мора да ја оставиме буквално последната капка пот. Спартак Суботица е исклучително квалитетен противник, тим со сериозен буџет и амбиции, поради што мора да бидеме на највисокото можно ниво ако сакаме да дојдеме до посакуваниот триумф. Верувам дека ќе имаме огромна поддршка од трибините, бидејќи со помош на навивачите секогаш играме подобро. Секој човек ќе ни биде клучен, затоа ги повикувам сите со плаво-бела крв во вените да дојдат и да ни помогнат заедно да го совладаме силниот ривал, -порача Атанасов.

Мечот е закажан за утре од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни