„На улицата ‘Есат Мезелџиу’ во Дебар во 1:30 часот полициски службеници го лишија од слобода А.Љ. од Дебар. Претходно, на улицата ‘Јусуф Багери‘ управувал со возило и не застанал на полициска патрола и се дал во бегство“, велат од СВР Охрид
Дваесет и тригодишниот А.Љ. од Дебар е приведен откако со возилото марка „мерцедес“ не застанал на наредба од полициска патрола и се обидел да избега, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.
Откако е сопрен, полицијата констатира дека не поседува возачка дозвола и дека возилото го управува под дејство на алкохол.

„На улицата ‘Есат Мезелџиу’ во Дебар во 1:30 часот полициски службеници го лишија од слобода А.Љ. од Дебар. Претходно, на улицата ‘Јусуф Багери‘ управувал со возило и не застанал на полициска патрола и се дал во бегство“,
вели портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димовски.
По целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Како што пренесуваат дел од медиумите, полициски извори потврдиле дека возачот имал 2,52 промили алкохол во крвта.