Модниот бренд Манго ја откри колекцијата именувана Living Legends за есен-зима 2023 во која се навраќа на стилот на 70-тите години, како и на изгледот од почетокот на овој милениум и го реинтерпретира во современ манир. Ретро референците на 1970-тите и на 2000-тите ќе ги забележите во понудените модни комбинации – костим со кошула со карнери, широки кадифени панталони со плетена поло блуза, долги фустани, тексасна јакна поставена со крзно, бунди од вештачко крзно, накит со штрас и бисери и металик обувки.
Нема коментари