Вардар го претстави првото засилување, потпиша со Томче Стојановски

ФОТО: РК Вардар

Поранешниот европски ракометен шампион Вардар активно работи на засилувања и градење на тимот за следните сезони, а за таа цел беше потпишан договор со Томче Стојановски, кој е „дете“ на Вардар, а сега се враќа во матичниот клуб.

Стојановски откако ги мина младинските категории под водство на Зоран Петковски и Стојан Петрушевски, тогаш младиот Стојановски стигна и до вториот тим на Вардар.

Но, стигна покана од тимот на Бутел кој тогаш почна да се натпреварува и со овој скопски клуб Стојановски ги постигна најголеми успеси, меѓу кои и играње во европските купови.

Вардар со Стојановски добива засилување во одбраната, но секако и за подолга клупа за нападот. „Црвено-црните“ го задржаа костурот на тимот и со новите засилувања повторно подготвуваат конкурентен тим за домашното првенство и за настапот во европските купови.

Александар Ванев, М-Нет