1.000 гледачи на натпревар во Петта лига во Македонија! Могила направи меч за чиста десетка!

Во Македонија нисколигашите ги полнат стадионите како во најдобрите времиња кога стадионите се полнеа со гледачите за Прва и Втора лига, сега во Прва и Втора лига полупразни стадиони, дерби натпревари се игра пред 200 гледачи, финале од Куп на Македонија се игра пред празни трибини, без никаква навивачка атмосфера.

Но, затоа нисколигашите организираат натпревари за чиста десетка. Пред повеќе од 1.000 гледачи во Могила се одигра дерби натпревар од Општинската Б лига при ОФС Битола, односно Петта лига, ова е најнискиот степен на натпреварување во Македонија.

Дерби меч меѓу Могила и Баир Кркардаш кој заврши со триумф за гостинот. Домашниот тим направи одлична организација за овој дерби-натпревар, што и многумина прволигаши може да позавидуваат како треба да се организа еден фудбалски меч.

Трибините на стадионот во Могила беа исполнети комплетно, одлична навивачка атмосфера со навивачки реквизити, фудбалски празник во општина Могила.

Уште една потврда дека оваа мала општина знае да се покажа како одличен пример за организација на вакви спортски настани.

Александар Ванев, М-Нет