Муса го демантира интересот на Партизан: Луѓето зборат се и сешто

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина и член на Реал Мадрид, Џанан Муса во интервју за храватскиот медиум „Национал“ ги демантираше гласините за можен премин во српскиот евролигаш Партизан.

Одличниот бек веќе подолго време се поврзува со премин во главниот град на Србија, но како што вели самиот тоа е чиста невистина.

„Јас знам што е вистината, така да немам ниту енергија, ниту желба да се објаснувам со некој за тоа што се случува. Луѓето кои се со мене секој ден, моето семејство знае што се случува и тоа ми е важно. Луѓето и медиумите нека говорат што сакат. Сите знаеме дека има многу невистини, а јас секој ден се фокусирам да бидам што подобар и да напреднам. Нормално, не можам да ги запрам гласините, така да нема ни да се обидам“, изјави Муса.

Муса оваа сезона во Евролигата бележи просек од 13.9 поени, 2.8 скокови и 2.2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...