Кризата го тресе Партизан, а првиот човек на клубот испрати порака за иднината на Обрадовиќ

Кошаркарите на Партизан се во резултатска криза, а сето тоа доби на интензитет по синоќешниот пораз во Белград од екипата на Баерн Минхен во рамки на Евролигата.

Самиот тренер на Партизан порача дека по овој пораз, вреди да се запраша што понатаму и како да влијае за подигање на самодовербата кај кошаркарите, а стави и голем знак прашалник над секој навивач на Партизан, бидејки рече дека следниот логичен чекор е да размислува што понатаму, нешто кое многумина го протолкуваа и како наводна и евентуална оставка.

Но околу иднината на Жељко Обрадовиќ, искоментира претседателот на клубот, Остоја Мијајловиќ.

– Бидејки на многумина ги интересира една тема, а на никој посебно и поединечно не им одговарав, потврдувам дека Жељко Обрадовиќ и играчите во клубот ја имаат мојата поддршка. Нема воопшто шумови на незадоволство, вистина е дека сме во резултатска криза, но важно е да се знае дека како клуб сме стабилни и дека непречено функционираме. Сите ние „црно-белото“ семејство сме заедно и кога победуваме и кога губиме, порача Мијајловиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО