економија

Турскиот потпретседател: Ниските американски царини за Туркије позитивни

„Во овој поглед може да кажеме дека ситуацијата е во наша корист“, рече Јилмаз

Aykut Yılmaz  | 09.04.2025 - Обновена : 10.04.2025
Турскиот потпретседател: Ниските американски царини за Туркије позитивни

Анкара

Американските царини за Туркије, кои се најниски во споредба со другите земји, се позитивни, изјави денес турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, јавува Анадолу.

Јилмаз рече дека има пад на цените на артиклите поради царините, а падот на цените е добар за Туркије која е земја увозник.

„Во овој поглед може да кажеме дека ситуацијата е во наша корист“, рече Јилмаз на прес-конференцијата во Анкара.

Тој нагласи дека Туркије и САД имаат обем на трговска размена од над 32 милијарди долари, но, сепак, постои цел таа да се зголеми на 100 милијарди долари.

„Може да кажам дека нашиот министер за трговија ќе се сретне со американските колеги и ќе разговара за овие случувања и за тоа како може да ја зголемиме трговијата меѓу Туркије и САД, како да го зголемиме трговскиот обем поинтензивно во наредниот период“, додаде тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 2 април објави нови царини што за Туркије изнесуваа 10 %, додека многу земји во светот забележаа повисоки царини, меѓу кои Кина е на врвот на листата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.