Халанд откри што најмногу го нервира

137
epa10184583 Erling Haaland of Manchester City reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Еден од најдобрите напаѓачи во светот секако е Ерлинг Халанд, кој од 2022 година настапува за Манчестер Сити, со кој минатата сезона ја освои тројната круна, освојувајќи ги Лигата на шампиони, Премиер лигата и ФА Купот. И сезонава брзоногиот напаѓач е во врвна форма со 29 гола на 34 натпревари.

Норвежанецот неодамна гостуваше на официјалниот подкаст на Манчестер Сити, a во разговорот се осврна на промените во фудбалот, вклучително и оние поврзани со технологијата на гол-линијата (користење на камери за да се утврди дали топката ја минала гол-линијата).

„Прво, технологијата на гол-линијата треба да се воведе низ целиот терен за да знаеме секогаш кога топката е надвор од границите. Сепак, она што најмногу ме нервира се уфрлањата. Ако ја фрлате топката на еден или на друг начин, не е важно. Мораш да се погрижиш да ги имаш двете раце на топката. Не ги ни знам правилата, а ако треба да извадам, веројатно би го направил погрешно. Не без разлика дали ја фрлате топката надолу, нагоре или на кој било друг начин, јас би го променил тоа правило. Не можете да „украдете“ ниту премногу метри. Треба да има ограничување на тоа колку далеку можете да ја држите топката пред да ја уфрлите и колку долго може да трае. Мислам дека така ќе биде и во иднина“, изјави Халанд.

Бомбаредеот на „граѓаните“ следната недела ќе има можност да го одигра дерби натпреварот во Премиер лигата. Во надела од 17:30 часот Манчестер Сити на својот стадион ќе го пречека Арсенал. По 28 кола неговиот тим е трет во Премиер лигата со 63 бода, еден помалку од Арсенал и Ливерпул.

„Убаво е да се игра за репрезентацијата, но сосема е различно да се соочиш со Арсенал следниот викенд дома отколку сега против Чешка. Нема да лажам. Има голема разлика. Но, што да се прави? Има многу натпревари во календарот“, изјави Халанд.