Жестоки напади на 17-годишниот Ендрик поради бизарна прослава на гол – Тренерот го брани: „Тој е само дете…“ (ВИДЕО)

Талентираниот бразилски напаѓач Ендрик предизвика немири меѓу навивачите на уругвајски Ливерпул по бизарниот начин на прославата на голот во синоќешната победа на неговиот Палмеирас од 0-5 во Монтевидео во рамките на Копа Либертадорес.

17-годишниот бразилски репрезентативец беше стрелец на третиот гол, по што почна да слави имитирајќи го Кинг Конг, што предизвика бес кај домаќините, па дури беше нападнат и од резервистите на Ливерпул.

„Па ти си полош и од Дани Алвеш“ – беа коментарите на домашните, алудирајќи на прославата во минатото на Алвеш јадејќи банана на терен.

Ендрик по мечот и разговорот со домашните фудбалери се извини наведувајќи дека тоа го направил само затоа што навистина ги сака авантуристичките филмови со Кинг Конг.

„Тоа е само еден мој гест. Го направив тоа и на последниот меч со Индепендиенте и беше навистина добро примено дури и од нивните навивачи тогаш. Не знам зошто сега мислеа дека е провокација. Успеав малку да разговарам на шпански со играчите на Ливерпул, некои разбраа некои не. Немаше никаква зла намера“ – рече по мечот Ендрик.

Во негова одбрана застана и тренерот Абел Фереира.

„Знам дека сака контроверзи, но Ендрик е само дете со чисто срце. Тоа е начин на кој слави затоа што ги сака филмовите кои сите ги знаат. Не направи ништо лош, тоа е само еден начин на славење“ – истакна Фереира.

Се вчитува...