Во ек на предизборието, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд  Муслиу вели дека се остварува сценариото за кое предупредувал за кинеска и руска пропаганда, но не дава конкетни докази за тоа, пренесува Радио Слободна Европа.

Од невладината „Естима“ сметаат дека директно кинеско влијание нема, иако тоа се препознава кај партијата Левица.

Во Северна Македонија за време на предизборието има кинеска дезинформациска пропаганда која добива форма на кампања и продуцира евроскептицизам, а од друга страна им нуди алтернатива на граѓаните во членство на државата во БРИКС и Евроазиска унија.

Ова во изјава за РСЕ го тврди првиот човек на Агенцијата на разузнавање, Еролд Муслиу. Иако притоа не посочува кои „актери“ – политички или медиумски ги става во оваа група, позитивен пристап кон кинеските наративи се препознава кај една политичката партија.

Станува збор за партијата Левица, и нивната кандидатка која не успеа да се пласира во вториот круг на претседателските избори, Билјана Ванковска која се залагаше за напуштање на НАТО и евроинтеграциите.

Левица е партија со двајца пратеници во Парламентот и екстремно левичарска идеологија, но во исто време и националистичка.

Целата вест на Радио Слободна Европа.