ПОЛИЦИЈАТА ГО БЛОКИРАШЕ ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ! Маж влегол во иранскиот конзулат, заканувајќи се дека ќе се разнесе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полицијата ја опколи областа околу иранскиот конзулат.

Непознат маж се заклучил во зградата на иранскиот конзулат во Париз и се заканува дека ќе се разнесе. Областа Трокадеро е опколена од полицијата.

Полициски извор изјави за Ројтерс дека мажот бил виден како влегува во конзулатот околу 11 часот, носејќи граната и елек со експлозив. Полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа. Засега не е познато дали инцидентот има врска со ескалацијата на тензиите меѓу Иран и Израел.

Да потсетиме, според Си-Ен-Ен, утринава одекнале експлозии во централниот дел на Иран, а американски претставник за овој медиум изјавил дека нападот го извршил Израел. Сепак, нема официјално соопштение ниту од израелска ниту од иранска страна.