21.8 C
Скопје
17:26 - 1 мај, 2024

Батлер од кралското семејство за моменталното здравје на Кејт Мидлтон: „Брзо се заморува“

Грант Харолд, кој работел како батлер во кралското семејство седум години во периодот кога кралот Чарлс Трети сè уште бил принц од Велс, и други блиски извори до кралското семејство, зборуваат за Њујорк пост каква е моменталната здравствена состојба на Кејт Мидлтон и како таа се чувствува сега, откако ѝ беше дијагностициран рак.

Според изворите, веста за болеста на неговата сопруга го изненадила принцот Вилијам: „Денот кога семејството дознало за тоа бил истиот ден кога принцот Вилијам ненадејно ги променил плановите и не присуствувал на погребот на неговиот кум, кралот Константин од Грција“, велат упатените за Њујорк пост.

Изворите велат дека Вилијам бил речиси повеќе шокиран од веста отколку неговата сопруга, но брзо се собрал и станал „вистинска поддршка“ за Кејт: „Кејт брзо се заморува. Сега ѝ треба поддршката на Вилијам повеќе од кога било. А Вилијам се обидува да биде блиску до неа цело време и да ѝ помага во се.“

Упатените споделија и како Кејт и Вилијам им кажале на своите деца за тоа што се случува. Двојката била поотворена со своите постари деца, но разговорот бил „тежок“.

„Сигурен сум дека тоа беше многу тежок разговор со постарите деца. За Луи, разговорот беше поапстрактен отколку со Џорџ и Шарлот”, рече Харолд.

Отсуството на Кејт Мидлтон од јавноста од Божиќ, по операцијата на абдоменот, доведе до бројни теории на заговор, вклучувајќи го неверството на Вилијам, шпекулации за негово вонбрачно дете, па дури и за тоа дека Кејт е во кома. За да стави крај на шпекулациите, Кејт Мидлтон мораше да испрати јавна видео порака и да зборува за својата болест.

 

Слични објави

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ ќе стане милионер: Еве каков бизнис започна, а мама е горда!

еспресо

Астропрогноза за среда, 1 мај: Овните ќе носат одлуки, за Водолиите интересни познанства

еспресо

Цеца одговори дали Вељко ќе добие национална пензија: „Не се потресувајте…“

еспресо
Се вчитува....