Струга со победа го потврди првото место по есенскиот дел во ПМФЛ

Фаворитите забележаа победи во 17.коло, во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија славеше кај Макеоднија ЃП, Шкупи ја надигра Брегалница, а лидерот Струга со еден гол го скрши отпорот на  Академија Пандев.

Голот на Илиески во 69.минута го реши дуелот во Струга. Екипата на Струга со овој триум ја задржа предноста од пет бода во однос на Шкупи и осум во однос на Шкендија.

 

Резултати:

 

Македонија ЃП-Шкендија 1:3

Струга-Академија Пандев 1:0

Тиквеш-Силекс 0:2

Победа-Скопје 0:0

Шкупи-Брегалница 3:1

 

 

Претходна вестМакедонскиот тенисер Калин Ивановски го освои турнирот во Мадрид
Следна вестМртво тело најдено покрај Лепенец во Орман