Сончево со попладневен пороен дожд

Претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.

Утринската температура се движи во интервал од 13 до 16 степени, а дневната ќе биде во интервалор од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени.

УХМР и за утре прогнозира нестабилно време. Претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места со услови за невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во Скопје утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.