Од СВР Струмица информираат дека насилникот од Радовиш кој во живо на Тик Ток, беше фатен како тепа женско лице за кое се тврди дека е неговата бремена сопруга, е упатен на психијатриско лекување во Негорци, потврдија од СВР Струмица.
Во соопштението се вели: Во текот на 2024 година во ОВР Радовиш од страна на две женски лица биле пријавени два случаи против лицето, од кои едно за „телесна повреда“ и едно за „загрозување на сигурноста“, кои се во целост расчистени и до надлежното обвинителство се поднесени соодветни поднесоци. На 27 март 2025 лицето е спроведено на лекување во Психијатриска болница Негорци, велат од СВР Струмица.
Статистиките од МВР за изминатите 2 години покажуваат дека пријавувањето на семејното насилство бележи благ пораст. Но, доколку жртвата не даде согласност, насилникот не може кривично да се гони, како што е во случајот со насилникот од Радовиш, во кој партнерката одбила да го пријави, што уште еднаш ја отвори потребата од измени во кривичниот законик и кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство” да се гони по службена должност.