ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО инсистира на предвремени парламентарни избори

ВМРО инсистира на предвремени парламентарни избори

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека причината поради која прорускиот олигарх Олександер Онишченко добил македонско државјанство е неспособноста и криминалноста на Владата. Потпретседателот на македонската опозиција Александар Николовски вели дека наместо службите да го гарантираат уставниот поредок, ја следат и ја прислушуваат опозицијата.

За овој случај, според ВМРО, одговорни се директорот на АНБ, министерот за внатрешни работи и премиерот.

Николовски го обвини министерот Спасовски дека дал уште 215, според него, пасоши на криминалци од Истанбул, Киев и италијанската мафија. За да се спаси државата од меѓународниот дипломатски срам, но и од енергетската криза, Николовски рече дека се потребни предвремени парламентарни избори напролет следнава година./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button