Останати спортови тенис

Ѓорческа остана без полуфинале во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучерсот во Трнава, откако денеска загуби во четвртфиналето од осмата носителка Вероника Ерјавец од Словенија со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) за 90 минути игра.

Во првиот сет Ерјавец поведе со 2:0 во гемови, а македонската тенисерка успеваше да израмни на 2:2 и 3:3, по што следуваше серија од три гемови за Словенката која го доби првиот сет со 6:3.

Во вториот сет, Ѓорческа имаше одличен почеток и водство од 3:0 во гемови, но потоа следуваше период на проблеми со сервисот и во следните два гема кога сервираше направи четири двојни сервис грешки. Тоа ѝ овозможи на Ерјавец да израмни на 3:3, а потоа и да поведе со 4:3. Ѓорческа го освои следниот гем, но Ерјавец врза два гема во серија и го доби вториот сет со 6:4.

Во мечот Ѓорческа имаше четири брејка од седум можности, а противничката седум од девет.

За пласманот во четвртфиналето на овој турнир Ѓорческа освои 16 ВТА поени.

To top