Четири меча во НБА, четири „единици“ на повидок (Фото)

Ако се погледнат квотите во Sport Life за конечен тип, тогаш лесно ќе се дојде до заклучок дека на сите четири натпревари кои се играат доцна вечерва во НБА-лигата, големи фаворити се домашните тимови.

Бостон селтикс синоќа претрпе пораз од Кливленд и остана втор на Истокот, па веднаш има шанса за рехабилитација, својата 17-та победа на 21-виот меч ќе ја бара против Мајами, кој е на скор 9-9.

Атланта има три победи по ред, а четвртата во низа ќе ја бараат против Њу Орлеанс кој е најслаб тим на Западот со скор 4-17.

Лејкерс гостуваат во нивниот некогашен дом Минеаполис, каде што играа пред преселбата во Лос Анџелес. Шумските волци се фаворити според квотите, иако имаат повеќе порази од победи сезонава, а Езерџиите се на 12-8, па тука не треба да се исклучи победа на гостите за која има одлична квота.

Домашните се фаворити и во битката на Чикаго и Бруклин. Двата тима имаат по два пораза на претходните два меча и бараат излез од мини-кризата. Нетс не е лош гостин, има три победи по ред на гости, а славеше и на последното гостување во „градот на ветерот“ против Биковите.

- Оглас -

Најнови вести