Не престанува „креативноста“ во редовите на СДСМ кои по лошиот изборен резултат сѐ уште не можат да се соземат, па измислуваат „нови и креативни“ методи да стигнат до потенцијалните гласачи.

Имено, во Крива Паланка на штанд се делат води со ликот на Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, носителите на изборната единица 3 во рамките на оваа партија. Со слоган испишан „Нема откажување од иднината“ СДСМ ги дели овие флаширани води кои беа мета на потсмев на социјалните мрежи.

Новинарот Богдан Илиевски пишува „кажете ми дека ова е фотошоп“, а кај него во коментари и на многу останати објави граѓаните тераат сеир со овој „изум“.