Левица: Повик за масовна излезност за да ја довршиме пасокизацијата на СДС

Од:

На ден пред двојните Избори – 2024 година во Република Македонија, затвораме ера на едно предавничко, криминално и коруптивно владеење на СДС и ДУИ – чии резултати се бројат во изгубени години, животи и обезличување на Македонија. Го сменија името, капитулираа пред сите соседи, а во меѓувреме ненаситно си ги наполнија џебовите, велат од Левица.

„Левица ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да го зададат последниот удар на истрошената досегашна владејачка клика! Левицата, конечно, ќе се ослободи од транзициските клептомани на СДС на „Нашата Земја“ и ќе се стабилизира во силна и современа Левица, која почива на АСНОМските идеали и на поривот за слобода од канџите на профитот и националните предавства, на поривот за борба против олигархијата и на поривот да си ја вратиме Републиката во рацете на обичните луѓе.

Повторно, низ цела Македонија, се вееше знамето на АСНОМ! Во Собранието ќе се бориме неуморно, а ќе црвенее секој сокак и секоја улица, преполни со вас, работни луѓе на чии плеќи притиска тежината на историската задача. Еднаш победивме квислинзи, ќе победиме пак! Левица е тука, со вас и за вас – Македонија ќе биде слободна и Нов свет ќе изградиме – братски! Благодарност до сите наши активисти, волонтери и симпатизери кои несебично се вложија во нашата изборна кампања. Без вас сме ништо, со вас сме сè! Се гледаме од собраниските клупи, со првата пратеничка група на Левица“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади

Горан Наумовски

Левица​: ​​Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на ,,Бехтел и Енка”

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левица дава поддршка

Горан Наумовски

Левица: Осквернавено срцето со македонското знаме во Гостивар

Левица: Брутална експлоатација во ,,Кромберг и Шуберт” – институциите не постапуваат

А1он