Раководството на Барселона веќе го договори првото засилување за следната сезона. Се работи за фудбалер кој со репрезентацијата на Аргентина беше светски шампион во Катар, а на „Камп ноу“ ќе пристигне бесплатно од екипата на Бетис.
Договорот на 30-годишниот фудбалер од средниот ред, Гвидо Родригес, истекува на крајот од оваа сезона, а тој одбил да го продолжи, иако во Бетис имало расположение за такво нешто.
Според шпанските медиуми, Родригес уште во текот на сезона се договорил со Барселона и следната сезона ќе настапува за „каталонците“. Неговата вредност според Трансфермаркет изнесува 24 милиони евра.