Вртелешка на ужасот: 13 деца се повредени на панаѓур во Куршумлија

од Илинка Илиоска

На панаѓур во Куршумлија излета дел од конструкцијата на рингишпилот и во таа прилика беа повредени 13 лица, од кои едно потешко, потврди за Танјуг лекарот од Здравствениот дом Куршумлија, Славиша Дошовиќ.

„Екипите се на терен. Засега едно лице е во тешка состојба и итно е префрлено во Прокупље со брза помош“, изјави Дошовиќ.

Вртелешката е поставена на платото кај автобуската станица, а од српското МВР наведуваат дека полицијата и итната помош се на терен. Како што јавија некои медиуми, на рингишпилот се повредени деца.

Локалните медиуми пренесоа дека 13 годишно девојче е во кома откако неколку пати било реанимирано.

Според сведочењето на жителите на Куршумлија кои биле таму кога се урнал рингишпилот, се се случило во секунда.

-Имаше огромен тресок. Потоа падна горниот дел од вртелешката, шипката што ја држи и само падна со сите корпи и деца. Беше страшно – изјави лице кое било присутно за време на несреќата.

 

Слични содржини