5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка со рекордни приходи и добивка за првиот квартал од 2024...

Комерцијална банка со рекордни приходи и добивка за првиот квартал од 2024 година

Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01-31.03.2024 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.179,1 милион денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.039,7 милиони денари што претставува зголемување за 13,4 %.

Како што се вели во соопштението на Банката, зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на приходите од редовно работење (нето приходи од камата и нето приходи од провизии), а во помал дел и поради зголемените останати приход. Банката ги оствари овие резултати благодарение на зголемените пласмани во нискоризични хартии од вредност и зголеменото кредитирање, како и сеуште високото учество на пласманите во парични средства и парични еквиваленти, кои придонесоа за остварување повисоки каматни приходи, во услови на повисоки каматни стапки споредено со истиот период минатата година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.998,6 милиони денари и бележат зголемување од 26,5 % во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2024 година истите бележат зголемување од 26,8 % во однос на истиот период од минатата година. Приходите по основ на камата се зголемени за 34 %, и тоа кај сите категории на клиенти: кај секторот финансиски друштва поради зголемените каматни стапки на благајничките записи и на депозитите пласирани во НБРСМ1 , кај секторот држава како резултат на зголеменото вложување во државни хартии од вредност со зголемени каматни стапки2 , кај нефинансиските друштва поради зголемени пласмани, кај домаќинствата поради зголемени пласмани и кај нерезидентите поради зголемени пласмани во странски банки и зголемени каматни стапки3. Расходите по основ на камaта се зголемени за 130,3 % поради зголемените орочени депозити и зголемените пасивни каматни стапки споредено со истиот период минатата година. Нето-каматната маржа на ниво на Банката се зголеми од 3,3 % во првиот квартал од минатата година, на 3,94 % во истиот период од оваа година.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2024 година изнесуваат 336,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 25,6 % во најголем дел како резултат на зголемениот обем на активности особено во делот на работењето со картички. Планот за анализираниот период е остварен со 122,3%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2024 година изнесуваат 96,6 милиони денари и се на речиси исто ниво како истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 118,5 %.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2024 година изнесуваат 86,5 милиони денари и бележат зголемување од 29,9 % во најголем дел како резултат на реализирана капитална добивка од продажба на преземен имот, како и поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања споредено со истиот период минатата година. Планот е остварен со 46,5 %.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2024 година изнесуваат 543,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 12,1 % во најголем дел како резултат на зголемените останати расходи, а во помал обем и поради зголемените плати и други трошоци на вработените и зголемената амортизација. Позначителното зголемување на останатите расходи се однесува на расходите за преземени објекти, пред сѐ за преземениот имот од клиентот Еуроникел Индустри Кавадарци, со цел одржување на комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес. Планот е остварен со 97,9 %.

Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 274,6 милиони денари наспроти 54,6 милиони денари во истиот период минатата година, што се должи на одобрувањето нови кредитни изложености на правни лица, промената на ризичната категорија кај одредени клиенти, како и заради стапување во сила на новата Одлука за управување со кредитен ризик која пропишува нови построги услови за преминување на побарувањата во нефункционалност и за враќање во редовен статус.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП