Вести Магазин Топ вести

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали

Модниот дизајнер Роберто Кавали почина во Форенца во 83 година од животот, објави „Ла Република“. Зад себе остави шест деца, меѓу кои најмладиот Џорџо, на возраст од нешто повеќе од една година.

Кавали почна да се занимава со мода во младоста. Во 1970 година лансира и сопствен бренд кој се истакна со креативност и големо влијание на модните писти, користејчи вез и крзно во голема мера.

Брендот беше продаден во 2015 година, кога дизајнерот се повлече од јавниот живот.

Исто така ја создаде и линијата за млади „Џаст Кавали“ (Just Cavalli) која ја лансира во 1998 година.

Роден е во Фиренца. Неговиот дедо Џузепе Роси беше познат сликар, додека татко му Џорџо беше убиен од Вермахтот во 1944 година.

Подолг период имаше здравстени проблеми, состојба која во последните недели нагло се влоши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе