Карагер: Реал не е подобар од Сити, ни Баерн не е подобар од Арсенал, но имаат….

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сегашен телевизиски аналитичар, Џејми Карагер, смета дека Манчестер сити бил подобар од Реал Мадрид, но дека Кралскиот клуб има нешто посебно.

„Мислам дека Реал Мадрид не е подобар тим од Манчестер сити. Тимот што ќе ја освои Лигата на шампионите не значи дека е најдобриот тим во Европа. Реал наоѓа начин да победи. Сити беше подобар, но има нешто посебно во Реал Мадрид. Имаат менталитет, секогаш го имаат верувањето дека се најдобри во Европа“, рече Карагер.

Карагер мисли и дека Баерн не бил подобар од Арсенал.

„Не мислам дека Баерн Минхен е подобар тим од Арсенал. Арсенал нема титула во Лигата на шампионите и мислам дека во реваншот влезе без да верува дека може да помине. Отсекогаш верував дека Баерн Минхен ќе го елиминира Арсенал само поради менталитетот, големината на клубот и историјата на играње во ЛШ“, додаде Карагер.

- Оглас -

Најнови вести