Какаото моментално се тргува по рекордни цени на светскиот пазар. Климатските промени се главната причина за кризата бидејќи значително ја погодуваат Западна Африка, каде што се одгледува мнозинството од какао во светот. На цената на суровината влијаат новите регулативи на ЕУ. Ова го коментира Марк Доналдсон, основач на „Cocoa2Chocolate“, во интервју за „Bloomberg“.

Светот е во својата трета година од недостигот на снабдување од околу 200.000 тони годишно. Се очекува недостигот на зрна какао годинава да достигне 800.000 тони, рече изворот.

„Ако има проблеми во Брегот на Слоновата Коска, Гана, Нигерија и Камерун, тоа значи дека 75 отсто од светското производство е засегнато и нема доволно во остатокот од светот да се компензира“, посочи Доналдсон. Додаде дека има и други места од каде што може да се увезува зрната какао, но повеќето од нив не ги исполнуваат европските барања.

Глобалната побарувачка расте со 3-4% годишно, а новозасадените дрвја не се доволни за да се одржат овој раст.

Цената на какаото зголемена и од новите регулативи воведени од ЕУ.

„Согласно регулативата за уништување на шумите, секој килограм какао што влегува во Европа, без разлика дали се работи за зрна какао, производи од какао или чоколадо, сè што е поврзано мора да има следливост буквално од дрвото од кое доаѓа. Нема да има доволно какао за да ги задоволи потребите на Европа“, смета Доналдсон.

Според негово, новата регулатива на „ЕУ EUDR“ е најбрзо воведената европска регулатива во историјата и можеби најкомплексна. Таа додава дополнителни трошоци, а на Европа и се потребни 1,8 милиони тони зрна какао годишно, а толкаво количество нема.

„Имаме достапна побарувачка за многу ограничена количина на производи. Изгледа дека нема да има доволно какао во Европа. Ако се додаде на европската регулатива за уништување на шумите и тригодишниот дефицит, се добива совршена бура за суровина“, додаде тој.

„Дали е ова криза? Дефинитивно е криза за сите. Се надевам дека земјоделците ќе бидат третирани фер за да имаат барем можност да работат под мониторинг и одржливо. За да можеме сите да имаме корист од подостапно какао во иднина“, истакна Доналдсон.