Скопје

Возач на тротинет со тешки повреди откако бил удрен со возило „фиат пунто“

Автомобил во Гостиварско удри во електричен тротинет: малолетник тешко повреден

На 11.04.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„21“ во с.Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од с.Сингелиќ, скопско и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Мојанци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток