Утрово студено, преку ден благ раст на температурите

Во петокот утрото е многу студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност што ќе услови благ раст на температурите.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринските температури се движат од минус 13 до минус 5 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до минус 1 степен во западните области до 8 Целзиусови степени на југот на земјата.

Во Скопје и околината денеска ќе биде по многу студеното утро, преку денот ќе биде  сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи околу 5 степени