Истражување: Украинските бегалци стануваат цел на сексуална експлоатација

Бегалци Украина/Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Украинските бегалци сѐ повеќе се мета на сексуална експлоатација со зголемен интерес за порнографија која наводно прикажува бегалци од земјата разурната од војна, покажува истражувањето на „Томсон Ројтерс”.

Според ова истражување, украинските бегалци можат да бидат жртви и на трговците со луѓе на терен и на кибер-воајери.

Истражувачите, анализирајќи го глобалниот сообраќај на интернет пребарувачите открија зголемен интерес за украинската порнографија откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Тие веруваат дека зголемениот интерес на интернет може да ги охрабри трговците со луѓе да работат почесто и со поголема неказнивост.

Организацијата повика на итна акција за зајакнување на заштитата за украинските жени и деца кои се изложени на ризик од сексуална експлоатација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот